Во зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија спроведена во текот на вчерашниот ден за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, санкционирани се 213 возачи.

Како што соопшти МВР, од санкционираните, 56-мина возеле без возачка дозвола, 103 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.