Вкупно 412 прекршоци за неносење заштита на лице се изречени изминатите 24 часа на територијата на Република Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР информира дека неодговорните граѓани се санкционирани и повторно апелира да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, за справување со КОВИД-19.