Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата санкционирани се 639 лица за неносење лична заштитна маска на лице, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со пандемијата со Ковид-19.