Поради неносење маска на територијата на државава вчера се казнети 469 граѓани, 16 го прекршиле полицискиот час, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Јавноста вчера беше сведок за масовно прекршување на антикризните мерки на стадионот на Шкендија во Тетово, каде што и покрај забранаа беше наполне со пубика. На стадионот беа присутни и повеќе државни функционери од редовите на ДУИ, на чело со лидерот Али Ахмети, вицепремиерот Артан Груби, спикерот Талат Џафери, градоначалниката Теута Арифи и мнгу други.
Покрај прекрување на мерката за (не)присуство на публика на стадион, повеќемина од „високите гости“ беа без заштитни маски. Дали во билтенот на МВР има и од овие прекршители на мерките?