Од задутре е можно укинување на полицискиот час во Македонија порад намалувањето на бројот на новозаразени од коронавирус, објавуваат повеќе медиуми од свои извори.

Во последниве денови во Македонија полицискиот час беше скратен и трае од 24 до 4 часот, а по опаѓањето на бројката на активни случаи и бројот на хоспитализирани, се очекува и дополнително олабавување на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот.

Неофицијално, освен полицискиот лас, се очекува олабавување и на другите мерки, како што е продолжување на работното време на угостителите, а олеснувања се очекуваат и во други области, каде што се применуваат ограничувања.

За да се проценат мерките за справување со пандемијата, денес се очекува да се одржи состанокот на кризниот штаб на Комисијата за заразни болести, додека Владата во вторник се очекува да донесе нови одлуки кои ќе стапат на сила од среда, 19 мај.