Во период од 21:00 до 05:00 часот, во текот на изминатиот ден на територијата на државата, забраната за движење не ја почитувале 70 лица, а регистрирани се и 553 прекршоци за мерката за носење лична заштита на лице, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел заеднички придонес во борбата против Ковид-19.