Министерството за внатрешни работи продолжува со активностите на засилени сообраќајни контроли, како на територијата на Скопје, така и во другите градови од државата, рече портпаролот во МВР Тони Ангеловски денеска во Кавадарци.

-Денеска сме во Кавадарци и за околу еден час, колку што трае засилената акциска контрола, имаме над 80 санкции. Најмногу за возење без возачка дозвола, возење  нерегистрирано возило, како и за други сообраќајни прекршоци, рече Ангеловски.

Соопшти дека во текот на овој месец, колку што траат засилените акциски контроли, на територијата на државата има 16.000 санкции и дека контролите ќе продлжат и во наредните денови.

Апелираше до граѓаните на Кавадарци, како и до сите граѓани на Македонија, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

– Не за да ја избегнеме казната од полицијата, туку заради безбеден сообраќај на нашите улици и патишта, додаде Ангеловски.