Српската полиција приведе двајца македонски државјани, М. J. (1975) и А. J. (1992), со престојувалиште во градот Темерин во Војводина, под сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според законска регулатива за време на епидемија“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, двајцата Македонци се сомничат дека во својот локал во Темерин им служеле пијалоци на гостите, со што ги прекршиле прописите за работа за време на епидемија.

Ним им е одреден притвор до 48 часа, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави до Основното јавно обвинителство во Нови Сад.