Жител на тетовско Желино вчера во селото физички нападнал возач на Службата за брза помош.

Тоа најверојатно го направил во револт зошто возилото со медицинските лица дошло откако починал татко му.

–  А.Ф (31) го нападнал само возачот на службата за брза помош Д.Д (44) од Фалише. Двете медицински лица кои дошле заедно со возачот во возилото за брза помош не биле повредени. Екипата била повикана да интервенира кај таткото на А.Ф кој во меѓувреме додека дошло возилото починал, инфомира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата ќе преземе уште мерки во рамки на истрагата за расчистување на случајот.