Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска почна да го користи воениот жаргон и во цивилни цели.

Вицепремиерката Шеќеринска по завршувањето на денешната седница објави:

– Владата во офанзива за заштита на Охрид. Освен што на денешната седница го утврдивме законот за заштита на природното и културното наследство во Охрид, наложен е и мораториум за дозволи и легализирање на (диво)градби, менување на урбанистички планови итн. Втора важна одлука е што за неполна година од денес (1 до 21 април 2020), одиме со попис на населението. Нема план и развој на една држава без сеопфатен попис, објави Шеќеринска на Фејсбук.

Дали во оваа офанзива на вицепремиерката и Владата ќе биде опфатена и нелегалната градба на џамијата во Охрид, ќе дознаеме во некој следен статус и следно соопштение.

И пак со воениот жаргон на Шеќеринска: Пред неколку дена први жртви во офанзивата во Охрид паднаа израснатите „режимски“ палми за да не го изгуби градот статусот од УНЕСКО.