Во изминатото деноноќие 51 лице на ниво на цела држава не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 34 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира Министерството за внатрешни работи.
Според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 72 лица им се издадени решенија за изолација, а 57 лица потпишале изјави за самоизолација.
Полициски службеници, како што дополнуваат од МВР, извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.