Секојдневно во билтенот на Министерството за здравство се пријавуваат новозаразени од коронавирус, а во билтенот на МВР напади од кучиња врз граѓани.

Во последните 24 час во Скопје има два такви напада:

Во Полициската станица Кисела Вода вчера попладне М.Г. (19) од Скопје пријавила дека ул.„Саса“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 29.04.2020 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, О.А.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Перо Наков“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Чувајте се од коронавирусот, но внимавајте и на кучињата кои ги има во голем број во Скопје, но и во другите градови.