На територијата на град Скопје вчера сообраќајната полиција изрече вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, пет за возење без возачка дозвола, една за управување под дејство на алкохол, пет за користење мобилен телефон, пет за некористиње на сигурносен појас, пет за минување на црвено светло, четири за нерегистрирани и технички неисправни возила и 47 за непрописно паркирање.

МВР соопшти дека засилените акциски контроли продолжуваат. Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.