Од 23.00 часот (07.05.2021) до 05.00 часот (08.05.2021) полицискиот час не го почитувале 21 лице. Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 372 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.