Синоќешниот полициски час не го почитувале 16 лица, а во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 188 прекршоци за неносење лична заштита на лице на територијата на целата држава, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, за како што велат, сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.