Министерството за внатрешни работи информира дека денеска на дел од булеварот„Илинден“, од крстосница со улицата „Аминта 3-ти“ до крстосницата со пристапната улица за влез во објектот на Град Скопје, ќе има посебен режим на сообраќајот.

Посебниот сообраќаен режим е поради одржувањето на манифестацијата „Авто Плус Стрит Шоу“.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.