Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 56 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Исто така, според статистичките податоци на МВР за изминатото деноноќие, на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се додава во соопштението.