На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 сообраќајни мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43, шест санкции за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила.

Од МВР денеска информираа дека се изречени седум санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас, девет прекршоци од возачи на мотоцикли, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 58 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли најавуваат дека продолжат и во наредните денови. Апелираат од МВР до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.