Жестока тепачка се случи денеска на протестот на кој студенти Албанци бараа право да полагаат правосуден испит на албански јазик.

Пред Министерството за правда, групa млади луѓе, кои според информациите биле учесниците на протест, влегоа во жестока физичка пресметка.

Од Министерството за внатрешни работи за Курир потврдија дека по тепачката од страна на полициски службеници приведени се три лица.

-Денеска (18.05.2026) околу 17:45 часот полициски службеници од СВР Скопје приведоа три лица македонски државјани пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир, потврдуваат од МВР за Курир.

Повеќе детали за целиот случај се очекуваат во текот на утрешниот ден.