Триесет и две лица не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие, соопшти МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 564 прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.