Кумановската полиција казни 18 пешаци во вчерашната засилена акциска контрола за прекршоци кои ги прават пешаците на територијата на СВР Куманово.

Како што информираат од СВР Куманово, засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и наредните денови. Полицијата апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заеднички да се придонесе за посигурни патишта.