Речиси стана секојдневие вестите за искасани граѓани од кучиња скитници, како и за граѓани кои на своја рака „го решаваат“ овој проблем.

И во денешниот билтен на МВР се регистрирани два напади од кучиња скитници, од кои едниот е за нападнато дете во Скопје.

На 16.04.2020 во СВР Скопје, Х.С.(33) од Скопје пријавил дека на ул.„Емин Дураки“ во Скопје, неговиот двегодишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.

На 16.04.2020 во СВР Скопје, А.А.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„167“ во Скопје бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.