Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 83 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 56 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистичките податоци, за изминатото деноноќие на 163 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од МВР денеска информираа дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.