Само на територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера изречени се вкупно 244 мерки, од кои 24 за управување со брзина поголема од дозволената, 28 за возење без возачка дозвола и 13 за нерегистрирани и технички неисправни возила.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се изречени меѓу другите и седум санкции за управување под дејство на алкохол, 17 за користење на мобилен телефон и шест мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.