Министерството за внатрешни работи  во акциски контроли во сообраќајот вчера на територијата на град Скопје изрече 164 мерки, меѓу кои за возење над  дозволената брзина 82, како и шест санкции за возење без возачка дозвола.

Санкционирани се и седум мотоциклисти. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, исто толку за непрописно престигнување и обиколување и 31 за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.