Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, соопшти МВР.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, од кои осум за возење без возачка дозвола, 31 за управување со брзина поголема од дозволената, две мерки за возење под дејство на алкохол, две мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, пет за поминување на затворен семафор (црвено светло), 12 мерки за користење на мобилен телефон, три за некористење на сигурносен појас и 46 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.