Во текот на вчерашниот ден, само на на територијата на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои 26 санкции за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР соопштија дека при засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се и 36 мерки за непрописно паркирани возила, 20 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска.

Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.