На територијата на Град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли се изречени вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции. Изречени се 20 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 27 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 25 санкции за управување без возачка дозвола.
МВР денеска соопшти дека се изречени и 27 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за некористење сигурносен појас, 13 за користење мобилен телефон при управување возило, 10 за вградени неатестирани фолии, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), 57 санкции за непрописно паркирање.
Најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.