Во акциска контрола на полицијата вчера на територија на цела држава санкционирани се 128 возачи кои возеле под дејство на алкохол.

Како што соопшти МВР, од вкупниот број, 56 се регистрирани на територијата на СВР Скопје, а 17 на територијата на СВР Куманово.

Од Министерството најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.