Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи.

Од нив, како што се посочува, четири возилa се движелe со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 со брзина над 50 километри на час над дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 142 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.