Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 259 возачи.
Од нив, како што информира МВР, 20 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри. Притоа, 108 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 151 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека и во следните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.