Мерката за неносење лична заштита на лице ја прекршиле 1068 граѓани во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.

На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 потпишале изјави за самоизолација, соопштија денеска од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.