Во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 125 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 15 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 33 прекршоци, на територијата на град Скопје.

МВР денеска информира дека се регистрирани технички неисправни и нерегистрирани осум возила, додека 61 возило се подигнати со пајак.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, порачуваат од МВР.