Полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, синоќа во 21:30 часот, при извршена контрола на угостителски објект во с.Мала Речица, сопственост на С.Ј.(54) од с.Мала Речица констатирале непостапување по здравствени прописи за време на епидемија, при што во објектот имало осум лица.

МВР соопшти дека објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот С.Ј. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.