На 29.12.2023 во 12.13 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени две лица (вработени во КПУ Идризово) со повреди.

Според пријавеното, по претходен нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу затвореници, при интервенција на затворските полицајци, тие биле физички нападнати од осуденикот Д.Н.(26).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.