Во билтенот на МВР и денеска се регистрирани два напада од кучиња, еден врз жена од улично и друг врз маж од куче домашен миленик.
На 23.08.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Г.К.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Крсте Асенов“ била касната од куче скитник.
На 23.08.2020 во 11:50 часот во Полициската станица Центар, Ш.М.(76) од Скопје пријавил дека на ул.„Народен фронт“ бил каснат од куче-домашен миленик. Се работи на расчистување на случајот.
Нападите од кучиња врз граѓани стануваат секојдневие, надлежните и асоцијациите за животни молчат, а револтот кај дел од граѓани расте. Тоа може да предизвика неволји за животните, бидејќи и досега се случувало граѓаните „да го земат законот во свои раце“ и да го решаваат проблемот, за жал, на начин во кој страдаат животните особено кучињата.