Македонски железници, која по преименувањето на државата е преименувана во Железници на РС Македонија, денеска одбележува 151 година од основањето, односно кога на 9 април 1873 е пуштена македонската делница на трансбалканската линија Виена – Солун.

На настанот, што ќе се одржи денеска во Кино салата кај Железничко – патничката станица во Скопје, како што е најавено ќе се обрати директорот на Македонски железници – Инфраструктура Зоран Трифуновски, а ќе биде претставена и визијата за иднината на железничката инфраструктура во земјава.

Денес Македонија одбележува 151 година со запуштена и запустена инфраструктура, запуштена Железничка станица во Скопје и неколку возови кои стигнуваат само до македонските градови кои од минатиот век се поврзани со железничка линија, а без ниту еден меѓународен воз.

Претходната власт купи повеќе нови патнички и товарни гарнитури, обнови повеќе железнички станици низ Македонија. Актуелната власт во повеќе наврати најавува изградба на пругата кон Бугарија, брзи возови кон Србија, но засега се е само ветување.

Фото: МИА архива