Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека согласно ингеренциите, редовно ќе ги следи и ќе ги објавува податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Тетово, иако податоците не се видливи на веб страницата поради технички проблеми со главниот сервер.

– Истите, МЖСПП редовно ги објавуваше, на секој час, во текот на попладневите и вечерните часови, а почнуваќи од 6 часот наутро се објавуваат и ќе бидат објавувани и во текот на денешниот ден, информираат од МЖСПП.

Во соопштението се додава дека податоците се достапни на веб страницата и на  официјалниот Фејсбук профил на Министерството.

– Во моментот се забележува сосемо мало покачување на одредени параметри и нема место за паника, наведуваат од МЖСПП.