Американскиот кошаркар Ноа Фарахан е најновото засилување на на македонскиот кошаркарски шампион откако официјално стави потпис на договорот со македонскиот шампион.

Станува збор за квалитетен плејмејкер, кој зад себе веќе има една европска сезона.

Истата ја почна во босански Студент, продолжи во Игокеа и Борец Бања Лука, а ја заврши во словачкиот прволигаш Комарно. Универзитетската кариера ја започна во Источна Каролина, по што настапуваше и за Вест Вирџинија, како и за Хемптон Пајратс.

Минатото лето одигра четири натпревари во дресот на Сан Антонио Спарс во Летната НБА-лига, каде што дополнително го потврди својот потенцијал.