Легендарната пејачка Арета Френклин почина на 76-годишна возраст. Таа деновиве сериозно болна беше примена во болницата во Детроит.

Френклин, која требаше да се повлече од музиката наредната година, последен пат настапи во живо минатиот ноември на годишната гала на Фондацијата за борба против СИДА на Елтон Џон. Таа го потврди своето пензионирање, но и најави планови да работи на нов албум со Стиви Вондер.

Френклин ја откажа својата турнеја во март откако нејзиниот доктор ја посоветувал целосно да одмори најмалку два месеца. Родена во 1942 година, а титулата „Кралица на соул музиката“ ја освои за нејзините музички дела од крајот на 60-тите години. Откако се пријавила на „Атлантик Рекордс” во 1967 година, таа постигнала огромен успех со песните „Spanish Harlem“, „I Say a Little Prayer“ и „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman.”

Во 1987 година, Френклин – која има продадено над 75 милиони албуми низ целиот свет – стана првата жена која беше примена во Куќа на славните на рокен рол музиката.

Добитничка е на 18 Греми награди. Арета Френклин, од два брака, има четири сина – првиот го родила кога имала само 12 години.