Добитниот тикет на американската лотарија кој изнесува награда од 1,05 милијарди долари е купен во една продавница на компанијата „Крогер“ во предградие на Детроит, во сојузната држава Мичиген, и тоа е трета најголема добивка во историјата на игри на среќа во САД.

– Некој утрово се разбудил во Мичиген и ја слушнал веста која ќе му го промени животот. Му честитаме на среќниот добитник, изјави Рејчел Харст, регионална претставничка на синџирот продавници „Крогер“.

Добитник на лотаријата не е извлечен уште од септември минатата година, кога последен пат е освоена награда во износ од 20 милиони долари.