Австралија одделува уште 18,7 милиони американски долари за набавка на оружје, храна и на медицинска опрема за Украина, информираше денеска премиерот Скот Морисон во својот говор во Парламентот.
Обраќањето на австралискиот премиер, следуваше по видео говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Дополнителната помош, побарана од Зеленски, ќе биде обезбедена, истакна Морисон.
Зеленски во Парламентот повика на дополнителни санкции кон Русија. Тој се осврна и на тоа што ќе биде по војната, па ги повика нациите и компаниите да инвестираат во обнова на Украина.
Истовремено, беше објавено и дека Австралија ги зголемува царините за 35 отсто за сите увозни производи од Русија и од Белорусија.