1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас Бекет, кој во 1170 година беше погубен поради противењето на политиката на англискиот крал Хенри Втори. Претходно беше близок пријател на кралот и негов канцелар до изборот за надбискуп во 1162 година. Противејќи се на ограничувањата на црковната власт, посебно на судството, во 1164 година емигрираше во Франција. По враќањето, одби да положи заклетва пред кралот „Кларендонски правила“ за односите меѓу црквата и државата и со одлука на Хенри Втори беше погубен во Кентерберската катедрала. Беше прогласен за светец во 1173 година и неговиот гроб во катедралата стана едно од попривлечните места за верниците во седновековна Европа.

1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански писател и хуманист. Пишуваше песни, романи и новели. Најпознато дело му е “Декамерон”, збирка од сто новели. Во ова дело на најдобар начин е регистриран ренесансниот дух, кој ја отфрли средновековната строгост, алегоричноста и опседнатоста со вонземски живот. Од “Декамерон” земаа методи Молиер, Шекспир, Марин Држиќ и други. Познати се неговите дела “Дантеовиот живот” и “Физаметас”.

1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и драмски писател од епохата на класицизмот. Негови познати дела се „Андромаха“, „Британикус“, „Федра“, „Парничари“ и други. Умре на 21 април 1699 година.

1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи австрискиот цар Јосиф Втори, ги изедначи сите вероисповести во Монархијата. Тогаш беше овозможено вработување и на неверниците во државната служба, што дотогаш беше привилегија исклучиво на римокатолиците.

1804.- Роден е англискиот државник и писател Бенџамин Дизраели, основач и водач на конзервативците. Беше двапати премиер, првпат во 1869, и вторпат од 1874 до 1880 година. Дизраели беше еден од главните протагонисти на експанзиската политика на Велика Британија во втората половина на 19. век. Почна освојувачка војна против Бурите во 1877 година, војуваше против Авганистан и го стави под британски протекторат, а во 1878 година го освои и Кипар. Беше противник на Русија и Франција, а ги поддржуваше Австроунгарија и Турција.

1817.- Гувернерот Лаклан Меквори формално го прифати називот „Австралија“ за британска колонија.

1842.- Роден е рускиот револуционер Петар Алексеевич Кропоткин, анархистички теоретичар и противник на марксизмот. Дела: „Взаемна помош“, „Големата Француска револуција“, „Записи на револуционерите“.

1873.- Во Дубровник е роден Благое Берса, истакнат хрватски композитор. Значително влијаеше врз помладите генерации на хрватските композитори. Умре во Загреб, на 1 јануари 1934 година.

1879.- Во Горки, Грузија, е роден Јосиф Висарионович Џугашвили – Сталин, советски државник и политичар, долгогодишен раководител на КПСС и на СССР, еден од водачите на антихитлеровската коалиција за време на Втората светска војна и врховен командант на оружените сили на СССР, маршал и генералисимус. Умре во Москва, на 5 март 1953 година.

1892.- Родена е англиската писателка Ребека Вест. Нејзиното право име е Сесилија Изабела Ферфилд. По престојот во Кралството Југославија во 1937 и во 1941 година го напиша опсежното патеписно-историско дело „Црното јагне и сивиот сокол“. Останати дела: романите „Војниковото враќање“, „Судија“, „Харијет Хјум“, студиите за велепредавство „Значењето на предавството“, „Воз со барут“.

1900.- Американскиот лекар Волтер Рид со експеримент врз еден доброволец успеа да докаже дека жолтата треска ја пренесуваат еден вид комарци. Неговото откритие доведе до отстранување на оваа болест.

1901.- Италијанскиот научник Гуљелмо Маркони, од градот Полди во Корнвол, Англија, со помош на антена испрати еден единствен сигнал, буквта С од Морзеовата азбука, преку Атлантикот, на оддалеченост од 3.000 километри. Приемот стигна во Њуфаундленд, во САД.

1917.- Роден е германскиот писател Хајнрих Теодор Бел, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1972 година, мајстор за кратки приказни доловувајќи ја атмосферата на ликовите и ситуациите во неколку реченици. Дела: „И не кажувај ни збор“, „Куќа без чувар“, „Мислењето на еден кловн“, „Групна слика со дамата“, „Возот беше точен“, „на крајот од службениот пат“.

1918.- Роден е австрискиот политичар Курт Валдхајм. Од 1972 до 1981 година беше генерален секретар на ОН. Како офицер во германската војска во текот на Втората светска војна се наоѓаше на територијата на Југославија и на Грција, за што постојат сериозни индиции дека тогаш стори воени злосторства. Од 1985 до 1992 година беше претседател на Австрија.

1937.- Родена е американската филмска глумица Џејн Фонда, ќерка на филмската ѕвезда Хенри Фонда. Беше општествено ангажирана, посебно против учеството на САД во Виетнамската војна, но и на други полиња, против расизмот и борец за правата на жената.

1922.- Во Кавадарци е роден Мито Хаџивасилев – Јасмин, македонски револуционер, мислител, државник, новинар и публицист. Умре во Врела, кај Макарска, на 1 август 1968 година.

1937.- Во Холивуд е одржана премиерата на филмот „Снежана и седумте џуџиња“ на Волт Дизни, првиот целовечерен цртан филм во филмската историја.

1940.- Умре американскиот писател Френсис Скот Ки Фиџерланд, претставник на „изгубената генерација“ и „времето на џезот“ по Првата светска војна. Дела: романите „Големиот Гетсби“, „Блага е ноќта“, збирка песни, есеи и белешки „Прскање“, збирката приказни „Приказни од времето на џезот“.

1945.- Умре американскиот генерал Џорџ Смит Патон, од последици во сообраќајна несреќа во Германија. Во Втората светска војна се истакна како енергичен и вешт командант на оклопните единици. Дела: „Војната како што јас ја гледав“.

1945.- Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкади, Костурско. Идниот ден во селото Калевишта, Костурско на ѕверски начин беа убиени.

1953.- Поранешниот ирански претседател на владата Мухамед Мосадик, кој беше сменет со воениот удар во август 1953 година, беше осуден на три години затвор поради наводниот обид за бунт против шахот Резе Пахвали. Во 1944 година ја водеше борбата против странските петролејски компании, но во август 1953 година беше соборен од местото претседател на владата.

1958.- Гернералот Шарл де Гол е избран за прв претседател на Петатта република. Со новиот устав тој се здоби со овластувања какви што до тогаш немал ниеден претседател на Франција.

1967.- Во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, умре Луис Ваткански, првиот човек на кого му беше трансплатнирано срце. Неговото срце работеше во неговите гради 18 дена по пресадувањето.

1968.- Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината космичкиот брод “Аполо – 8” со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година успешно се спушти на Земјата.

1972.- Источна и Западна Германија постигнаа договор за добрососедски односи и воспоставија дипоматски врски, формално завршувајќи го непријателството кое траеше повеќе од две децении.

1988.- Авион на американската компанија „Пан Ам“ на линијата Лондон – Њујорк експлодира врз шкотското место Локерби. Во несреќата загинаа 259 луѓе во авионот „боинг 747“ и 11 лица на земја. Либија подоцна беше обвинета дека е одговорна за овој терористички напад.

1989.- Претседателот на Романија Николае Чаушеску прогласи вонредна состојба во жупанијата Тимиш, во која два дена претходно избија масовни демонстрации против неговиот режим. Немирите набрзо се проширија и во Букурешт, а по неколкудневните демонстрации и судири, поради тоа што војската застана на страната на побунетите, неговиот режим е симнат. По судењето, за многу кратко време заедно со Елена, неговата сопруга, беа стрелани во дворот на касарната во Трговиштe.

1993.- Јапонија ја призна Република Македонија.

1993.- Претседателот на Русија Борис Елцин го распушти Министерството за безбедност, наследник на моќната тајна полиција КГБ, кажувајќи дека тоа го сторил затоа што Министерството пропуштило благовремено да го предупреди на опасниот развој на случувањата и затоа што тие сили кои со децении ги застрашувале граѓаните не е можно да се реформираат.

1994.- Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесец, во северниот регион Архангел. Ракетата “Топол – М”, претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина.

1994.- Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југоисточниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека откриените мумии се стари 800 години.

1994.- Република Македонија и Ватикан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.

1995.- Во Бадрашин, град 28 километри јужно од Каиро, загинаа 75 луѓе кога патнички воз удри во друг воз во густа магла.

1999.- Во Скопје умре Војкан Јовановиќ, првенец на Операта на Македонскиот народен театар. Роден е во Ниш, во 1964 година.

2001.- Американски авиони усмртија 65 луѓе при бомбардирање на конвојот со возила на авганистански племенски водачи кои патувале за Кабул за да учествуваат на прогласувањето на новата влада.

2004.- Во нападот на бомбашите-самоубијци врз американската база во ирачкиот град Мосули загинаа 24 лица, од кои 20 американски војници, а беа ранети 66 лица, од кои 42 американски војници и 10 американски цивили.