На денешен ден пред 29 години во Скопје е осветен македонскиот храм Свети Климент Охридски.

Големиот верски настан за православните Македонци се слули на 12 август 1990 година, за кој е испеана и песна.

Тој ден реки народ се слеваше во центарот на Скопје, кој остана на бдее цела ноќ на осветенувањето на Соборниот храм на автокефалната Македонска православна црква „Свети Климент Охридски“.

Говор по тој повод одржа тогашниот поглавар на МПЦ г.г. Михаил.

Тоа е настан од поновата историја, а на денешен ден се случиле и повеќе други настани од македонската историја.

Во 1900 година во Велес е роден Ганчо Хаџипанзов, македонски револуционер и поет. Од неговото поетско творештво е позната само поемата „Ќе се вратам“. Се борел во интернационалните бригади во Шпанската граѓанска војна (1936-1939).

Загинал при одбраната на Мадрид, на 19 ноември 1936 година.

На 12 август 1903 година околу 15.000 турски војници и башибозук под водство на Бахтијар-паша почнале офанзива против Крушево и Крушевската република. Штабот на крушевските востаници, по добиениот ултиматум од Бахтијар-паша, за да се предадат одговорил: „Востанавме за да се бориме за извојување на слобода за Македонија, а не да се предаваме“.

Но, кога градот се нашол во безизлезна состојба, штабот наредил востаниците да се повлечат со цел да се зачува градот од разурнување. Во жестоката битка загинале 32 востаника. Меѓу нив неколкумина се самоубиле.  Крушевската република паднала утредента, по борбите на преминот Слива и во месноста Мечкин Камен.

Во 1905 година во Велес е роден Бане Андреев – Ронката. Беше член на КПЈ, на АВНОЈ и на АСНОМ, а од 1949 година партиски и воен раководител. Во 1949 година бил обвинет за недоследност во оживотворувањето на политиката на КПЈ и бил исклучен од партијата. Во 1960 година повторно бил примен во редовите на СКЈ.

Умрел во Белград, на 31 октомври 1980 година.

На 12 август 1945 година во Скопје е основано македонското Лекарско здружение.

(Подготви: Д. Г.)