НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ: Почина 9-месечното бебе кое во тешка состојба и со ТБЦ беше примено на 24 минатиот месец

/ 05.03.2023

Почина бебето кое беше примено во тешка состојба на Детската клиника во Скопје.

Се работи за деветмесечно бебе кај кое на почетокот постоеше сомневање дека белодробната слабост му е предизвикана од инфективната болест туберкулоза, но подоцна и се утврдило дека има туберкулоза.

Дететото на Детската клиника во Скопје беше донесено на 24 февруари во тешка состојба и беше итно префрлено од болницата Козле“.

Како итен случај беше сместено во одделот за интензивна нега на детската клиника и беше ставено на машина.


Од истата категорија