КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Принудени бевме да ја ставиме во мирување изградбата на радиолошко-онколошки центар во Катланово

/ 09.03.2023

Како резултат на случувањата во последните осум месеци, клиниката „Жан Митрев“ информира дека се принудени да ја стават во мирување изградбата на новиот радиолошко-онколошки центар во Катланово кој требаше да почне со реализација минатата година.

„Центарот за Радиологија и Онкологија” е проектирана инвестиција вредна 45 милиони евра, која е планирана со учество на странски партнери. Предвидено е да се гради на локација во месноста Катланово во близина на Скопје каде треба да работат околу 350 медицински лица – доктори и друг медицински персонал. Радиолошко-онколошкиот центар плаzan mitrev засегнати од малигни и други заболувања. Со остварување на овој проект ќе се обезбеди врвна медицинска нега и третман за пациентите.

Се надеваме дека оваа година конечно ќе започнеме со изградбата на овој проект што е од исклучително значење за Македонија и регионот, се вели во соопштението на клиниката „Жан Митрев“.


Од истата категорија