Контингентот на Армијата на Албанија ја презеде командата на силите на НАТО на границата на Латвија со Русија, објавија косовски медиуми.
Веста и фотографии од церемонијата се објавени и на официјалната Фејсбук – страница за присуството на НАТО. Објавени се и фотографии од церемонијата на примопредавањето на командата, објави информативната агенција на албански јазик Журнал.
– Албанскиот контингент во состав на „Борбената група“ – „eFP“ на Латвија неодамна ја одржа церемонијата на пренесувањето на командата во воениот камп Адази, стои во објавата на Фејсбук.
Базата Адази, во која се сместени војници од 13 земји на НАТО, е на околу 300 километри од границата со Русија и се смета за клучен дел од одбраната на Алијансата во источна Европа.