Државното македонско знаме веќе подолго време не се вее во центарот на Битола. Граѓаните неколкупати реагираа да се врати македонското знаме, но безуспешно.

Меѓутоа, синоќа неколку битолчани се обидоа да го постават македонското знамето на јарболот од каде што претходно беше тргнато. За изненадување на сите присутни, храбрите битолчани беа нападнати од полицијата која пристигна на местото на настанот.

Полициските службеници физички ги нападнале битолчаните, по што следел и притвор.

На социјалната мрежа Facebook е објавено видео на кое се гледа интервенцијата на полициските службени лица.

Се поставува прашањето, на кого му пречи македонското знаме во Битола? Или, воопшто македонските симболи?

Откако СДСМ ја преземаа власта, македонските симболи низ градовите полека, но сигурно исчезнуваат. Знамињата се симнати од јарболите, училиштата и објектите на кои беа нацртани македонски симболи се префарбани во други, неутрални бои. Сето тоа е по наредба на локалните директори и градоначалници на СДСМ. Оваа примена на сила врз македонскиот народ за истакнување на македонското знаме не се памети во поновата историја на Македонија.

 

Gepostet von Margarita Hristova am Mittwoch, 30. Mai 2018