Досна ноќта завчера на автопатот А1, на делот Миравци – Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица запреле автобус со штипски регистарски ознаки, по што возачот го напуштил автобусот и избегал.
При контрола во автобусот биле пронајдени 61 мигрант, од кои 30 од Сирија, 27 од Пакистан и четири од Индија, информираат од МВР.
Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку ова е само уште еден случај од хрониката на МВР, на чие чело е министерот Оливер Спасовски, шоферот да избега при илегален транспорт на мигранти со автомобил, комбе, камион или во случајов автобус.
(Фотографијата е архивска од друг илегален транспорт на мигранти)