Покрај претседателот Стево Пендаровски на самитот за климатски промени одат и двајца министри од Македонија, Каја Шукова и Крешник Бектеши.
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, од денска до 9 декември ќе учествува на Самитот на Обединетите нации за климатски промени, што се одржува во Дубаи, Обединетите Арамски Емирати.
Шукова, како што најавуваат од нејзиниот кабинет, ќе учествува и ќе се обрати на повеќе настани меѓу кои ќе има завршно обраќање по потпишувањето на Договорот за инвестициската платформа за енергетска транзиција со Европската банка за обнова и развој, округла маса со министрите на Енергетската заедница, како и низа билатералнои средби меѓу кои со извршниот директор на УНОПС.
Очекувањата од Самитот се да напрви преглед на досегашните остварувања на поставените национални и глобали цели и да се трасира патот за идните активности.
Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска до 6 декември ќе учествува на Самитот на Обединетите нации за климатски промени – COP28, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати.
Како што информира Министерството за економија, Бектеши ќе ја презентира Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција на Северна Македонија и ќе се обрати на панел-дискусија за унапредување на транзицијата на јаглен, во организација на Климатскиот инвестициски фонд
Исто така, Бектеши ќе учествува на состанок на Енергетска заедница и ќе оствари повеќе билатерални средби.